Пристигна новата колекција во Guess: Безвременска и толку шик!
Вашиот омилен
бренд повторно најде начин да ве израдува – нова, исклучително
софистицирана колекција пристигна во продавницата
на Guess и онлајн на www.fashiongroup.com.mk.
Современа, но истовреме полна безвременски парчиња, новата колекција на секогаш уникатните Guess е вистинско уживање во студените денови, полна парчиња со кои ќе заборавите на студот.
Дамите овојпат се на пиедесталот, со можност да одберат помеѓу шармантната бунда од еко крзно или елегантната јакна што е совршен завршеток на сите комбинации.
Подеднакво стилски парчиња дизајнерите на брендот скроија и за момците, претставувајќи топли јакни во неколку бои и стилизирани капути совршени за деловните состаноци или прошетките надвор.
Можеби ни се чини далечно, но времето на добри забави допрва доаѓа, па никогаш не е погрешен момент да инвестирате во долгиот син фустан создаден за оставање впечаток или пак тантелниот црн што секогаш може да го вметнете и во дневните комбинации.
Како и секогаш, брендот повторно создаде и неодоливи модели на чанти создадени за софистицираните дами кои секогаш знаат што сакаат.
Во пресрет на прекрасната зима, од брендот понудија и многу модели на јакни, шапки и ракавици кои ќе ви бидат најдобрите сојузници во студените денови, а со кои секогаш ќе изгледате шик.
За вљубеничките во поедноставните, но ефектни комбинации, брендот повторно има исклучителна понуда на елегантни панталони кои во комбинација со кошула со принт се совршени за секојдневните комбинации за на работа.
Знаеме дека новата колекција на Guess ќе ве освои на прв поглед, па во продолжение ви предлагаме некои од највпечатливите парчиња, а сите останати можете да ги погледнете на следниов линк.
ПР објава