Пристигнува млада месечина во Лав: Најсилно влијание ќе има на овие 4 хороскопски знаци
Пред нас е предизвикувачка астролошка недела, бидејќи на 28
јули не‘ очекува новата
Месечина во знакот Лав, а интересно е што истиот ден се движи и ретроградниот
Јупитер
Секоја нова месечина, вклучувајќи ја и оваа во Лав, е поттик за преиспитување на сопствениот живот. Ако вашиот живот се распаднал, младата месечина ве поттикнува да направите промени.
Лавот е еден од трите огнени знаци кои симболизираат гордост, достоинство, па затоа ќе работиме да отфрлиме се што не спречи да бидеме автентични.
Младата месечина во Лав е посебна, бидејќи ги носи промените што ни се потребни. Тоа е откривање на нешто што долго го носиме во себе. Младата месечина во Лав е потребата да го живееме она што навистина го носиме во нашите срца.
Сепак, секоја млада месечина е поттик за психички кризи, па овој астролошки период ќе падне потешко за одредени знаци отколку за други.
ЛАВ
Младата месечина во вашиот знак ве тера да го преиспитувате сопствениот живот. Ќе почувствувате наплив на силна енергија, но и нагон за борба за цели кои ви се важни. Ќе покажете борбеност и истрајност во вашите цели. Младата месечина во вашиот знак ќе направи добар аспект со Јупитер во Овен, па имате шанса да промените нешто во вашиот живот што ќе направи да се чувствувате подобро како личност.
ВОДОЛИЈА
Новата месечина ви носи преиспитување на бракот или партнерство што ви е важно. Партнерот ќе сака едно, а вие друго. Затоа, ќе биде тешко да се најде компромис. Ќе се борите за вашите соништа, а вашиот партнер нема да може да го разбере тоа. Обидете се да најдете рамнотежа во врските кои ви се важни.