„Проблемот што го имаш со свекрвата, нека го реши мажот“: Отец Предраг објаснува како снаата да ги реши несогласувањата и да го сочува бракот

Добивај вести на Viber

Отец Предраг Поповиќ ги советува младите жени како да ги решат несогласувањата со нивните свекрви

Отец Предраг Поповиќ на пошироката јавност и е познат по своите чести појавувања во медиумите и на социјалните мрежи каде зборува на многу верски, но и социјални и семејни теми, давајќи важни совети. Овој пат тој ги советуваше младите снаи како да ги решат проблемите со свекрвите.

Во видеото на својот Фејсбук профил, овој пат тој го раскажува разговорот со жена која се пожалила на својата свекрва, а врз основа на овој пример ги советуваше сите брачни парови како да постапат со родителите.

„Ми доаѓаат млади брачни парови, кои имаат проблеми со семејството и снаата вели: ѝ реков на свекрвата... Реков, престанете! Што имаш со свекрвата?“ сподели во видеото отец Предраг.

Во продолжение ги посочи насоките за справување со односот меѓу свекрва и снаа кој по природа има негативна конотација и предиспозиции да оди од лошо на полошо.

„Што ти е свекрвата?“, ја прашал жената, на што таа му одговорила: „Па мене не ми е ништо, таа е мајка на мојот сопруг“.

„Тогаш сопругот нека го реши тоа со мајка му“, ја советуваше отец Предраг Поповиќ.


 Понатаму во своето излагање на својот Фејсбук профил истакна дека тоа бил првиот и основен спор што го решил со сопругата.

„Јас ѝ реков: Немаш што да им кажуваш на моите родители. Тие се моја работа. Не ми паѓа на памет да разговарам со твоите родители. Тоа е твоја работа. Можам да ѝ кажам што сакам на мајка ми. Таа никогаш нема да ми се налути, бидејќи ми е мајка. Мајка како може да се налути. Мајка секогаш ќе те сака. Вистинска мајка. А ако мојата сопруга каже нешто, тоа може да се толкува на два начина, и да направивме хаос“, вели во своето излагање отец Предраг.

На крајот во две реченици ги сумираше најважните тези.

„Значи, на мене е да го свртам вниманието на моите родители, кога тие премногу се мешаат во мојот брак кога не треба. А жена ми е таму да им каже на своите родители да не се мешаат во бракот“, заклучува отец Предраг.

Вашите родители се само ваша грижа, а не родителите на вашиот сопружник.


Фото и Видео: Youtube