Продаден е најскапиот парфем на светот

Добивај вести на Viber

Парфемот Булгари Опера Примa е претставен во светот пред четири години изложен во Париз.

Реномираниот италијански луксузен бренд Булгари го продаде најскапиот парфем. Булгари Опера Прима по цена од 250.000 долари

Како што може да претпоставите оваа цена го направи парфемот најскап во светот. Овој единствен мирис е дело на Данијела Андријера која посветила посебно внимание на пакувањето.

Пакувањето е дело на уметникот Венини. Овој парфем е посебен со тоа што на него има 25 дијаманти. Иако ова не е накит декориран е со драгоцени камења, кои внимателно го чува парфемот кој се наоѓа внатре.

Клиентот имал голема среќа да си дозволи ваков парфем, кој има медитерански дух со ноти на лимон, цвет од портокал и цветни вибрации.

Цената е неверојатна посебно кога се работи за парфем, ама секако секој производ си го наоѓа својот купувач нели?