Професор Драган Даниловски за Фактор: Новиот корона вирус САРС-КоВ-2 е најопасен од сите негови „собраќа“

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите македонски епидемиолози, професорот Драган Даниловски, за Фактор открива дека новиот корона вирус, кој светот го нарече Ковид-19, но според Меѓународниот комитет за токсикологија неговото вистинско име е САРС-КоВ-2, е најопасен од сите типови на корона вируси.

-Мојот став е дека новиот корона вирус од семејството коронавируси, неречен САРС-КоВ-2 е најопасен од сите негови „собраќа“. Неговиот извонредно висок епидемиски потенцијал се должи на фактот што многу лесно се пренесува од човек на човек по воздушно-капков и контактен пат. Едно инфицирано лице заразува 2-3 други. Имајќи предвид дека целокупната светска популација не поседува специфична отпорност кон него, јасно е дека тој ќе биде во состојба без отпор да се распространува меѓу луѓето, сè додека спонтано не „прегори“. Тоа ќе се случи кога ќе бидат опфатени околу 60% од светската популација, која брои околу 7,7 милијарди луѓе, вели професор Даниловски за Фактор.

Станува збор за смртоносен вирус, ама сепак не до таа мера, за веднаш да ги убие своите хумани домаќини (како САРС, смртност 10%, МЕРС 37%, ебола 80%), туку „дозволува“ голем дел да останат живи и подвижни, за да го сеат вирусот понатаму.

-Стапката на смртност не може прецизно да се определи, но, се проценува на околу 1-3%. Можеби, на крајот, ќе се сведе на околу 1%, откако ќе заврши пандемијата и ќе бидат достапни повеќе податоци за пропорцијата на асимптоматските инфекции. Кај нас е околу 3%, истакнува професорот.

Целиот текст со професотор Даниловски прочитајте го на Фактор.