Проја со мелено месо: Дури и свекрвата ќе ве пофали
Доколку не сте правеле проја на овој начин, задолжително пробајте, сигурно ќе им се допадне на сите...
Пројата со месо е идеална за појадок, вечера или ужина.
Можете да ја подготвите и како предјадење за слава, бидејќи е многу вкусна и ќе ги задоволи критериумите и на најстрогите критичари.
Се подготвува многу едноставно и брзо. Обично се јаде со салата, но и со јогурт.
Состојки:
300 грама мелено месо;
една главица кромид;
200 милилитри јогурт;
150 милилитри масло;
4 јајца;
50 грама сусам;
14 лажици пченкарно брашно;
1 ќесичка прашок за пециво;
по вкус сол и бибер.
Подготовка:
Исецкајте го кромидот и пропржете го малку масло, потоа додадете го меленото месо и издинстајте го со кромидот. Посолете го и зачинете го со бибер.
Во сад изматете ги јајцата, па додајте го јогуртот и маслото. Во смесата додадете го пченкарното брашно, измешано со прашокот за пециво и сусамот и измешајте. На крајот додадете го и меленото месо, посолете пе желба и измешајте ги добро сите состојки.
Смесата истурете ја подмачкана тепсија и печете околу 40 минути на 200 степени.
Оставете ја пројата да се олади, а потоа исечете ја и послужете ја.