Пролетни комбинации со жолти детали

Добивај вести на Viber

Модни комбинации во бојата на Сонцето!

Не e секогаш денот  на наша страна. Понекогаш знаеме да се разбудиме лути и без причина и да немаме волја за многу работи. Па, кога ќе имате вакво утро, и ќе се пробудите без енергија најдобар начин да ја стимулирате активноста на телото и умот е да почнете од одбирањето на вашата гардероба. 

Пробајте и облечете нешто жолто.

Жолта кошула за работа, лесен жолт фустан за вашето секојдневно кафе, тенок жолт каиш како додаток на вашата монохроматска дневна комбинација, или жолти чевли чиј ваш чекор ќе го направат полесен. 

Оваа пролет, жолтата боја се носи секаде. Одберете ја вашата омилена нијанса на жолта и носете ја каде ќе посакате.

Жолтата боја е одлична за комбинирање, меѓутоа доколку не би сакале да ја носите од глава до пети, тогаш оваа боја е одлична за комбинирање со црна, бела или која било друга пастелна нијанса. Па исто така,би можеле да изберете модни додатоци во оваа енергетска боја.