„Пролетта покажува што може да направи Бог со едноличен и нечист свет“: Добредојде пролет

Најубавиот период од годината, пролетта ни дојде вчеравечер во 22:24 часот и ќе трае 92 дено, односно до 21 јуни.

Паралелно со започнувањето на пролетта во земјите од северната Земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува есента. Токму за овој убав период од годината како гледале големите умови прочитајте во цитатите подолу:

„Кога ќе дојде пролетта, дури и лажната пролет, не постојат никакви проблеми, освен каде да се биде најсреќен.“ – Ернест Хемингвеј

„Повторно пролет.  Земјата е како дете кое ги знае песните напамет.“ – Рајнер Марија Рилке

„Да немавме зими, пролетта немаше да ни прија толку многу.
Ако понекогаш немавме горчлив вкус и неуспеси, немаше толку да го чекаме просперитетот.“ -  Ени Бредстрит

„Пролетта покажува што Бог може да направи со едноличен и нечист свет.“ – Виргил Крафт

„Април го вметнува духот на младоста во се што постои...“ – Вилијам Шекспир

„Можам ли со зборови да го опишам мирисот и вкусот на пролетта?“ – Нелтје Бланчан

„Нешто во воздухот прави да се чувствувам како да летам пролетен лет.“ – Агата Кристи

„Сакам со тебе да го правам она што пролетта го прави со црешите.“ – Пабло Неруда

„Кога доаѓа пролетта, тревата расте сама од себе.“ – Тао Те Чинг

„Ништо не може да изгуби живиот човек, а пролетта да не може да му го врати, ниту пак човек може да биде трајно несреќен, се додека Бог дава душата да се лечи со заборав и земјата да се обновува со пролетта.“ – Иво Андриќ

„Нема зима која трае вечно, ниту пак пролет која го прескокнува својот ред.“ – Хал Борланд

„Малку лудило во пролет е здраво дури и за кралот.“ – Емили Дикинсон

„Пролет е срце полно со надеж и чевли полни со дожд.“ – Непознат

„Кога би можел повторно да живеам, би одел босоног од почетокот на пролетта, до крајот на есента.“ – Борхес


Фото: Женски магазин