Пронајдов љубов во Скопје: Супер шоу на Лени Кравиц

Со неверојатна енергичност и харизма, Лени Кравиц ги „полуде“ фановите уште со првата песна „We can get it all together“, на концертот кој е во тек во ВИП Арената. 

- Добровечер, како сте? Прво сакам да ви кажам дека сме благодарни, благословени да бидеме со вас оваа вечер и ви благодариме на убавото добредојде. Вчера се прошетав во Скопје и пронајдов љубов во Македонија- им се обрати американскиот рокер на фановите.

Скопје е трета концертна станица на Кравиц во рамките на турнејата „Raise Vibration“. Повеќекратниот греми-лауреат во нашата земја е присутен од средата.

Повеќе за концертот читајте по полноќ на Женски магазин.

Ѓ.С

Фото: В. Тануровски