„Прошетка со лавот“ неверојатна приказна за љубовта и животот, ексклузивна премиера на 15 ноември само за корисниците на МТЕЛ
Со средба која што ќе резултира со експлозија со несогледливи последици почнува приказната за Светислав и Уна, невообичаена љубовна двојка срочена во новата хит серија „Прошетка со лавот“ чија регионална премиера вљубениците во добрите серии ќе може да ја следат ексклузивно од 15 ноември преку мобилната апликацијата mPLAY TV на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ.
Припејд корисниците на mSTART сим-картичките на МТЕЛ ќе имаат можност да уживаат во исклучително забавна, а понекогаш и откачена серија за романсата меѓу неуспешниот режисер Светислав и телевизиската водителка Уна, уште на 15 ноември далеку пред останатата публика.
„Прошетка со лавот“ ни ја раскажува средбата на два различни света, на две човечки суштества кои што духовно тешко дека може да бидат оддалечени еден од друг и кои судбината вешто наоѓа начин да ги соедини. Светислав Бату Крстиќ е помалку интровертен, но многу образован, неуспешен режисер чии интервју го снима нереално популарна, но исклучително површна телевизиска водителка Уна Лазаревиќ. Нивната средба ќе резултира со експлозија со несогледливи последици.
Креаторите „Прошетка со лавот“ ја опишуваат и како црнохумористична серија, понекогаш преполна со иронија. Но, „Прошетка со лавот“ е повеќе од серија за една љубовна двојка, тaа е потрага по љубов, трагање по смисла и духовност, показател колку животот без овие вредности всушност е празен и промашен.
Низ 10 епизоди ги следиме подемите и падовите на Светислав и Уна, со посебен акцент на коренитата промена низ која што ќе минуваат. Првите пет епизоди ќе бидат објавени на 15 ноември, додека вторите пет на 28 ноември и корисниците на МТЕЛ во Македонија ќе бидат почестени со премиера дури и пред останата публика која што ќе ја чека премиерата на серијата на Суперстар ТВ каналот на 10 декември.
Улогите ги толкува неверојатно добра актерска екипа која што ја сочинуваат Андрија Кузмановиќ (Светислав), Анџелка Прпишќ (Уна), Андреј Шепетковски, кој го потпишува и сценариото за серијата, Бане Видаковиќ, Тихомир Станиќ, Бранка Пујиќ, Андрија Милошевиќ, Милјана Гавриловиќ, Слободан Чустиќ, Марко Чверо, Јован Јовановиќ, Стефан Бундало. Режијата е на Филип Чоловиќ.
Пристап од mPLAY TV како и Balkan Myusic апликацијата добивате со mSTART 14 и редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Со mSTART 20, првиот месец добивате бесплатен пристап до апликациите, а од следниот месец со редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Двете апликации исто така ги добивате со претплатнички договор за тарифниот модел mCONNECT L и за пакетот mBOX Trio Max.
Пр текст