Прослава за паметење: 10 години Herbalife Nutrition во Македонија

Добивај вести на Viber

Со спектакуларна забава во хотелот „Мериот“ и во присуство на голем број гости и видни личности од јавниот и општествениот живот, беше прославена јубилејната десетгодишнина на Herbalife Nutrition во Македонија.

Светскиот лидер за заменски оброци, додатоци во исхраната, производи за спортска исхрана и контрола на телесната тежина Herbalife Nutrition ја слави десетгодишнината од официјалното постоење на македонскиот пазар.

По тој повод, на 4 февруари, во скопскиот хотел „Мериот“, со спектакуларна забава насловена „Мраз и оган“ беше одбележана јубилејната годишнина, која ги собра на едно место љубителите на Herbalife шејкови и познатите имиња кои блеснаа во елегантни модни изгледи. Меѓу присутните беа и Ребека Јанковска Ристески, Ирена Спировска, Снеже Велков, Билјана Јаневска и други значајни личности од македонската естрада, културниот и општествениот живот. 

Во последните десет години до денес, средбата со Herbalife Nutrition преку неговите производи и неговиот успешен комерцијален модел, заснован на мрежа на дистрибутери, ги промени животите на огромен број граѓани на Македонија, откривајќи им нутриционистички правилен метод за подобрување на благосостојбата на организмот, но и нудејќи им конкретна можност за лично и деловно исполнување. Herbalife во Македонија брои над 3 илјади активни дистрибутери.

И додека кај нас се прославуваат 10 години од официјалното дружење со производите на Herbalife Nutrition, компанијата глобално прославува 43 години од основањето што е уште една причина за радост што Herbalife Nutrition ја споделува со своите пријатели, корисници на производите и оние кои сакаат, можеби уште од овој месец, да внесат позитивни промени во својот начин на живот. Инаку, компанијата Herbalife Nutrition, во 2021 година оствари нето приход од продажба во вредност од 5.8 милијарди долари.

Компанијата е основана токму во месец февруари 1980 година, во Лос Анџелес, од човекот со визија Марк Хјуз, кој воедно беше и првиот независен дистрибутер на Herbalife Nutrition. Неговата велнес филозофија водена од мислата дека „секој е дел од целта и планот да го направи светот подобро место за живеење”, со акцент на - „секој“, привлече милиони луѓе ширум светот кои го остварија неговиот и својот сон, инвестирајќи во сопствениот здрав стил на исхрана. Поради визијата и мисијата на Марк Хјуз, Herbalife денес е водечки бренд во светот за заменски оброци. Со текот на времето, формулациите на Herbalife производите се подобруваа за да одговорат на потребите на пазарот. И денес, научно-формулираните состојки на врвните заменски оброци, произведени според најстрогите регулаторни стандарди, продолжуваат да го следат чекорот на модерното време. Така, стигнуваме и до третата причина за прослава на Herbalife Nutrition, а тоа е - Денот на Марк Хјуз, ден кој компанијата глобално секоја година го одбележува во месец февруари.

Поради сите овие важни датуми обединети во месец февруари, Herbalife лансираше нов производ на македонскиот пазар. Станува збор за први протеински плочки H24 Achieve, кои досега недостигаа во потфолиото на производи - високопротеинска и практична ужина за после вежбање, но и за сите оние кои се во постојано движење или имаат активен ден. Протеинските плочки H24 Achieve се богати со протеини, содржат мала количина шеќери и имаат прекрасен вкус. Совршен оброк се за градење и одржување на мускулната маса, за грижа за телесната тежина и одржување на фит изглед, а оние кои редовно вежбаат сега имаат можност тренингот да го кренат на повисоко ниво.

Честитки, и среќен 10-ти роденден Herbalife Nutrition! 

   

*пр објава