Протести во Јужна Кореја: Ова е песната на феминистичкото движење #MeToo
Како што се шири движењето #MeToo низ Јужна Кореја, една песна стана химна на протестите. Песната носи наслов „Во Новиот свет" и таа е испеана од демонстрантите за време на нивните митинзи.
Иако песната беше деби-песна на групата Girls’ Generation уште во 2007-ма година, таа се уште носи многу значење и продолжува да биде светилник на надеж за оние кои сакаат да го подобрат светот.
Текстот на песната најдобро се вклопува во движењето #MeToo.
Текстот оди вака: „Не чекај чудо, пред нас е груб пат" и „Со пречки и иднина што не може да се знае, а сепак нема да се промени, не можам да се откажам" , песната ја доловува суштината на движењето и му овозможува на светот да дознае дека овие жени ќе бидат слушнати.
„Тоа е нешто што ќе направиме заедно до крај, во новиот свет ".