Проверете дали имате коронавирус: Тестирајте се дома бесплатно

Добивај вести на Viber

На овој начин ќе знаете дали има промена!

Еден од главните симптоми на ковид-19 е губење на мирис. Околу 44 до 77 лица кои имаат ковид-19, го губат мирисот, а некои имаат нарушување во сетилата, така што некои работи имаат сосема поинаков мирис.

Затоа е важно да ги охрабрите луѓето да се обидат да мирисаат некои работи секој ден. Ненадејно губење на мирис може да биде ран знак на ковид-19. Покрај тоа, тестирање на мирис може да спроведе секој дома, па може да биде и една од алатките во борбата против пандемијата.

Но, бидејќи дневната проверка на мирисот е многу специфична и буквално бесплатна, таа е многу корисна алатка за проверка.

Проверките на мирисот не можат и нема да влијаат на секоја недијагностицирана инфекција, бидејќи не секое заразено лице го губи ова чувство, но бидејќи ова е едноставен и бесплатен тест, нема негативни последици доколку проверите дали ви служи чувството за мирис како порано.

Додека го пиете првото утринско кафе, проверете дали го мирисате кафето. Додека се туширате, помирисајте го вашиот шампон.

Се верува дека секојдневните проверки на мирисот дома можат да помогнат во задоволувањето на потребата за брза, ефвина и специфична алатка за проверка. Ако го изгубите чувството за мирис, изолирајте се и контактирајте здравствен работник.


Извор:srbijadanas

Можеби ќе ве интересира:

Кога е безбедно да се биде во близина на некој што имал коронавирус?