Прстен од 10.000 евра за десетгодишнина: Сека Алексиќ доби скапоцен подарок од сопругот, но и таа не штедеше

Добивај вести на Viber

Очекуваше подарок, но не толку скапоцен...

Пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг пред неколку дека ја прославија десетгодишнината од бракот со интимна вечера во семејниот дом.

Вељко и приреди вистинско изненадување за својата сопруга, па за време на интимната вечера која сам ја организирал и подарил прстен вреден 10.000 евра, што ја воодушеви пејачката.

„Сека не знаеше што и подготвува Вељко. Мислев дека тој ден ќе го одбележат играјќи си со децата на базенот. Очекуваше подарок, но не волку скапоцен. Вељко и кажа дека ќе прослават дома и дека тој ќе подготви вечера. Кога и го даде прстенот, Сека се воодушеви“ - вели изворот за Информер.

Но, во текот на вечерата не останала само Сека изненадена, бидејќи и таа на својот сакан му подготвила нешто.

„Откако Вељко ја изненади со скапоцениот прстен, таа на него му даде часовник. Во прашање е рачен часовник, кој на Вељко му се допаднал кога заедно биле во еден трговски центар“ - раскажа изворот.