Животна училница // Приказни
Прва фотка од бебето: Сека Алексиќ го промени името на синот во последен момент
- 22 Јануари, 2020
Пејачката Сека Алексиќ на почетокот на јуни оваа година се пофали дека е повторно во блажена состојба. Таа е во брак со Вељко Пиљикиќ, со кој го имаат синот Јаков, а двојката не крие колку радост им донесе родителството.
Уште при првиот момент кога го открија полот на бебето, двојката соопшти дека ќе го носи името Исак.
Сепак пејачката се породи само два дена по големиот празник Св.Јован, па решија дека денот сам си го донесе името за бебето.
- Не е како што сакаме ние, но како Господ кажува! По нашата куќна слава Св.Јован, утрово се роди ЈОВАН, желбата на татко му е иста! Рече НЕКА СЕ ВИКА ЈОВАН. Ако следното бебе биде момче ќе се вика Исак- напиша Сека под фотографијата од штотуку родениот син.