Првата дама на Хрватска позира покрај Северина и блеска со накит од македонската дизајнерка Ивана Кнез (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Првата дама на Хрватска, Сања Мусиќ Милановиќ по трет пат одбра да носи накит кој е креација на македонската дизјанерка Ивана Кнез.

- Имам особена привилегија што првата дама на Хрватска, Сања Мусиќ Милановиќ за декемвриската насловна страна на Ljepota & zdravlje HR повторно одбра накит со мој дизајн кој таа го поседува - напиша Кнез и објави фотографија од парчето накит заедно со насловната на која првата дама на Хрватска позира покрај седум дами меѓу кои и хрватската пејачка Северина.

Мусиќ Милановиќ го одбрала герданот изработен од бисери и одлично го вклопила со класична бела кошула и бели панталони.

Добропозната модна дизајнерка Ивана Кнез, која ги руши модните предрасуди во смелоста, дизајнот, естетиката на овие простори веќе долго време, не го крие воодушевувањето дека по трет пат првата дама на Хрватска одбира нејзин дизајн.


Од оваа наша истакната дизајнерка, првата дама на Хрватска, во две прилики претходно носеше накит кој е нејзина креација. 

Првпат кога носеше уникатно парче накит, ѓердан кој го потпишува токму нашата Ивана Кнез, списанието „Глориа“ на вистински начин го опиша, како моден погодок и совршено надополнување на целосниот стајлинг на Сања Мусиќ Милановиќ. 

Неколку месеци потоа, првата дама на Хрватска, по втор пат одлучи да носи накит од нашата македонска дизајнерка, Ивана, за насловната страница на магазинот „Глориа“.

За оваа прилика, првата дама на Хрватска го носеше масивниот бисерен ѓердан - парче кое беше во фокусот на оваа модна приказна.