,

Првата дама на Хрватска повторно носи накит од Ивана Кнез: Сања ги обожава делата на македонската дизајнерка

Добивај вести на Viber

Сања Мусиќ Милановиќ, првата дама на Хрватска, по втор пат одлучи да носи накит од нашата македонска дизајнерка, Ивана Кнез, овојпат за насловната страница на магазинот „Глориа“.

Хрватските модни новинари за Сања велат дека секогаш воодушевува со изборот на добар накит, и со стилот воопшто. Во дневните варијанти, тој е примерен и елегантен, но на формалните настани, тој е авангарден, важен и импозантен, објави магазинот „Глориа“. 

А заслужна за уште една нова модна приказна која гордо ја раскажува сопругата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, е македонската дизајнерка со хрватско потекло Ивана Кнез.

Првата хрватска дама носеше уникатно парче накит, ѓердан кој го потпишува токму нашата Ивана Кнез, и гордо позира за насловната страна на магазинот „Глориа“, каде што потенцираат дека ѓерданот е дело на Кнез.



За оваа прилика, првата дама на Хрватска носи црн фустан, а токму масивниот бисерен ѓердан е парчето кое е во фокусот на оваа модна приказна.

Во првата прилика кога Сања носеше накит од Ивана Кнез, дизајнерката ни раскажа дека со првата дама на Хрватска веднаш „кликнале“ во оваа приказна и ексклузивно за Женски магазин, Ивана Кнез раскажа за соработката со д-р Сања Мусиќ Милановиќ.

Поврзани вести:

Црвениот ѓердан на првата дама на Хрватска за кој сите зборуваат е дело на македонска дизајнерка: Ивана Кнез за уникатното парче накит на Сања