,

Први фотки од венчавката на Бекамови која беше забранета за медиумите: Невестата во венчаница на Валентино, сите зборуваат за бакнежот

Добивај вести на Viber

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа вчера на неверојатна церемонија пред познати гости, меѓу кои Ева Лонгорија, Мел Си и тениската легенда Серена Вилијамс.

Самата свадбена церемонија започна точно во 18 часот кога на Бруклин (23) му се придружила неговата 27-годишна невеста, во еден од шаторите поставени на имотот на семејството Пелц вреден 103 милиони долари во Палм Бич, Флорида.

Невестата беше во раскошна венчаница на Валентино со широк превез украсен со тантела.

Како што претпоставуваа странските медиуми, двојката се венчала на традиционална еврејска церемонија во чест на еврејското потекло на Никола.

Следејќи ја традицијата, Бруклин со нога скршил чаша завиткана во салфетка, откако ги венчал рабин.

Тогаш младиот брачен пар се бакнал, а како што пишуваат сите, бакнежот траел шест секунди и бил многу долг за самата церемонија, па младиот пар добил огромен аплауз.

Се претпоставува дека Бруклин потпишал предбрачен договор со својата сопруга, бидејќи богатството на родителите на Бруклин од 494 милиони долари е помало од проценетите 1,6 милијарди долари од богатството на таткото на Никол, познатиот финансиер Нелсон.

Викторија Бекам носеше свилен сребрен фустан.


Се проценува дека раскошната церемонија чинела околу 3 милиони фунти. За време на прославата, Дејвид Бекам ѝ рекол на Никол: „Толку те сакаме. Возбудени сме што ќе бидеш дел од семејството. Ти си неверојатна личност“.

извор:zenablic
фото:profimedia