Први фотографии од Алек и Хилари Болдвин: Ги собраа новинарите, а потоа ѝ се обратија на јавноста

Алек Болдвин за првпат зборуваше за печатот за трагедијата што се случи за време на снимањето на филмот „Rust“

Алек Болдвин бил придружуван од сопругата Хилари, која веднаш по пристигнувањето им мавнала на насобраните репортери и новинари и ги повикала да им пријдат.

Болдвин нагласи дека нема да ги сподели деталите од истрагата, бидејќи тоа не смее да го направи. Зборувајќи за убиената Халина Хачинс, тој рече: „Таа ми беше пријателка. Кога дојдов да го снимам филмот, ја однесов на ручек со другите продуценти. Бевме одлична екипа, а сега се случи ова“. 

Тој додаде дека се согласува во оценката дека вистинското оружје треба да се отстрани од филмската продукција.

„ Употребата на вистинско оружје треба да биде ограничена и тоа е нешто за што ќе се залагам. Има инциденти на сетови, но ништо вакво. Шансата да се случи ова е еден во трилион. Продукцијата нема да продолжи“, додаде тој. 

Алек изјави и дека е во постојан контакт со семејството на Халина Хачинс и дека е многу загрижен за состојбата на синот на Халина, кој има девет години.


Фото: Профимедиа

Неискусна жена оружар, пукање со вистински куршуми и непроверено оружје-како дошло до тоа Болдвин случајно да ја убие Халина Хачинс