Првите дами на погребот на кралицата: Нема кој не гледаше во скапите капути и чевли на најубавите кралици во светот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Светските лидери се собраа денеска на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон, и покрај тажната прилика, ова е историски настан; кремот на светското благородништво и највисоките државни функционери се собраа на едно место.

Погребот започна во Вестминстерската опатија, каде Елизабета Втора беше крунисана и се омажи за принцот Филип, каде околу 2.000 гости ќе го кажат последното збогум на покојната кралица.

Во катедралата пристигнаа Брижит Макрон, кралицата Летиција, кралицата Ранија, принцезата Шарлин и многу други познати благороднички и први дами, а сите целосно го следеа протоколот, појавувајќи се во црни и соодветни изданија и со фасцинатори на главите, кои се дел од Британските традиции на сите важни настани.

View this post on Instagram

A post shared by Brigitte & Emmanuel Macron Fanpage (@lesmacron)

Брижит се одлучи за висококвалитетно палто со средна должина и едноставен црн фустан до колена, а изданието го збогати со ефективни додатоци во вид на кожни ракавици, мокасини со метални детали на штиклите и чанта со писмо и фасцинатор со мрежа. 

Првата дама на Америка избра елегантен комплет со златни копчиња, а комбинацијата ја зачини со патент со црн лак и салонки од превртена кожа.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон дојде во придружба на неговата млада сопруга Кари, која се одлучи за долг црн фустан украсен со златни копчиња и ремен околу половината.

Меѓу гостите се истакна и јорданската кралска двојка, а кралицата Ранија уште еднаш докажа дека со право важи за жена со беспрекорен моден вкус. Таа избра луксузно, свечено, долго сатенско палто во А линија, со волани од едната страна кај градите и широк појас околу струкот, а го дополни со прекрасни лакирани салонки со ременчиња и мрежест фасцинатор.

View this post on Instagram

A post shared by Nawa3em (@nawa3emcom)

Непогрешлива во изборот за пригодата, од сите не се издвојуваше ниту шпанската кралица Летиција.

Таа се одлучила за едноставен, но елегантен црн фустан малку под колената, црни раквици и чанта која паѓаше во очи, додека стајлингот го заокружила со црни штикли.

Внимание привлече и изгледот на принцот Алберт од Монако со неговата сопруга - принцезата Шарлин. 

Таа се истакна со својот необичен стил, облечена во долг, крут фустан со малку авангарден крој, а како и сите други дами, носеше фасцинатор и црни салонки.

Која од овие дами мислите дека е најдобро стилизирана за таа пригода?

фото: Инстаграм/screenshot