Прво дедото добил рак на дојка, а кога тој починал, ќерката и внуката поради генетиката решиле да направат радикален чекор: Инспиративната приказна на Сузан и Кејли
Ракот на дојката не е болест која ги погодува само жените – од оваа болест може да заболат и мажите, иако шансите се многу помали.
Мажите имаат мала количина на млечни жлезди, но овие жлезди може да развијат промени што доведуваат до рак. Некои фактори на ризик за рак на дојка кај мажите вклучуваат: генетски мутации како BRCA1 и BRCA2, што е особено важно за машките членови на семејството со историја на рак на дојка, хормонални промени, возраст, семејна историја на рак на дојка и изложеност на зрачење.
Симптомите на рак на дојка кај мажите може да вклучуваат: стврднување или грутка во градите, промени во обликот или големината на дојката, исцедок од брадавицата или болка во пределот на дојката. Иако овие симптоми се слични на оние кај жените, многу мажи не ги препознаваат овие промени или ги игнорираат, што може да доведе до подоцнежни дијагнози. Затоа, важно е мажите, особено оние со семејна историја на рак на дојка или генетски фактори на ризик, да бидат свесни за можноста за развој на рак на дојка и редовно да го следат нивното здравје. Генетското тестирање, слично на она што се препорачува за жените, може да помогне рано да се идентификуваат ризиците, а раното откривање на болеста може значително да ги зголеми шансите за успешно лекување.
Мајка и ќерка биле тестирани поради нивниот дедо кој починал од рак на дојка.
На почетокот на 2013 година, Сузан Медиган и нејзината ќерка Кејлин Мадиган од Питсбург, Пенсилванија, дознале дека на таткото на Сузан му бил дијагностициран рак на дојка. Тој, исто така, бил носител на генот BRCA2, кој е поврзан со значително поголем ризик од развој на рак на дојка или јајници.
Поминала една година пред лекар да ја прегледа грутката со големина на бејзбол на неговите гради, а Сузан и Кејлин од прва рака ги виделе бруталните ефекти на болеста додека тој бил подложен на хемотерапија и зрачење.
- Беше исцрпувачки и толку болно за него. На крајот, татко ми рече: „Едноставно не можам повеќе“. И навистина не можеше... Го држев во раце додека почина. Беше тешко.
Кејлин, сега 26, била тинејџерка кога нејзиниот дедо починал во септември 2015 година, и вели дека не можела да ја преболи загубата дури пет години подоцна. Со оглед на нејзината семејна историја, не и паѓало на ум можноста дека и на неа може да ѝ биде дијагностициран рак на дојка. Таа решила да направи генетско тестирање.
Во февруари 2021 година, Кејлин била позитивна на генот BRCA и веднаш знаела дека следниот чекор за неа е превентивна двојна мастектомија. Нејзината одлука била конечна.
- Одлучено беше тоа да го направам - вели таа.
Кејлин истражувала мастектомии и реконструкција на градите речиси две години пред да стапи во контакт со пластичниот хирург Др. Андре Мореиро, за совет.
- Кога Кејлин дојде кај мене, таа веќе ја имаше донесено својата одлука - вели др. Мореира, директор за иновации за реконструкција на градите на Универзитетот во Питсбург.
- Немаше дискусија дали да се направи мастектомија. Беше: „Ќе го направам ова, сакам да ја преземам контролата над моето здравје и не сакам да ми се случи нешто како на мојот дедо кој толку многу страдаше од рак на дојка“.
Ќерката ја инспирирала мајката
Откако ја видела нејзината ќерка како се подготвува за оваа животна промена, Сузан била инспирирана и самата да направи превентивна двојна мастектомија. Во 2014 година дознала дека го наследила и генот BRCA од нејзиниот татко, но не сакала да обрнува внимание и да направи ништо за тие резултати.
- Видов колку е храбра Кејлин, но видов и колку се плаши и колку се чувствува осамено. Затоа го направив тоа. Но, слушајќи го целиот процес за тоа што е мастектомија и како се прави реконструкција, сфатив дека ова е нешто позитивно што го правам за себе. Ќе го направам тоа и за себе. Но, на почетокот тоа беше да ја поддржамм ќерка ми – изјавила Сузан.
Кајлин ја имаше двојната мастектомија на 28 ноември 2022 година, а Сузан нејзината на 29 ноември 2022 година. И двете биле подложени на реконструкција на градите.
Поддршката чекор-по-чекор во текот на целиот процес и значел се на Кејлин.
- Беше прилично неверојатно. Бев целосно преплашена. Имав чувство дека никој нема да разбере низ што поминувам и дека сум навистина сама. И тогаш кога дојде мајка ми, беше неверојатно да имаш покрај тебе некој кој точно знае низ што поминуваш, или барем многу блиску до него. Сакам да мислам дека таа е храбрата во приказнава, а јас ја поддржувам. Тоа се нашите улоги. Таа е пионер, а јас сум таа која ќе ја поддржи да го направи тоа - изјавила ќерката Кејлин.
И Сузан и Кејлин беа вознемирени поради ракот на дојката, гледајќи членови на семејството како исчезнуваат од болеста. И двете признаваат дека им е екстремно лесно што биле проактивни и самите ги намалиле шансите да добијат рак на дојка.
Приказна која го обиколи светот
По нејзината двојна мастектомија, Кејлин реши да ја сподели својата приказна и приказната на нејзината мајка, надевајќи се дека ќе ја подигне свеста за генетското тестирање и важноста да ја преземете контролата врз вашето здравје. Додека таа забележува дека октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојката, Кејлин вели дека нејзиниот активизам е преку целата година.
-Во октомври сите носат розево, но сакам луѓето да разберат дека ова не е болест која е присутна само во октомври, ја има секој ден, 365 дена во годината. Затоа сакам луѓето секогаш да бидат будни, а не само кога се потсетуваат на тоа. За мене, тоа е подигање на свеста за тоа да се биде внимателен кон знаците и да се направи генетско тестирање. Бидејќи без генетско тестирање, не би знаеле дали би можеле да заболиме од рак. Многу е важно и мажите да разберат дека не се ослободени од оваа болест. Тоа не е само женска болест.
Поради ова, Кајлин беше препознаена од Американското здружение на пластични хирурзи (ASPS) преку програмата Пациенти на храброст: триумф над неволјите, која ги препознава оние кои работат на подигање на свеста и зајакнување на другите да преземат контрола над сопственото здравје.
- Огромна чест е и многу сум благодарна што бев препознаена од нив и што ја имам оваа одлична можност да ја отворам вратата за ширење на свеста, не само за BRCA2, туку и за ракот на дојката и реконструкцијата на дојката - вели Кејлин за „ Пипл“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Оna.telegraf.rs