Прво ја воздигнаа, па ја фрлија во целосен мрак: Вистината за познатата русокоса која мажите и медиумите ја уништија

Прво ја издигнаа до небесата, а потоа ја фрлија во целосна темнина.

Пола Јејтс засекогаш ќе биде дефинирана според нејзините врски, никогаш според тоа која навистина била. Деновиве за прв пат во животот поранешната ѕвезда на светската музичка сцена Теренс Трент Д'Арби проговори во контекст на тоа зошто го „извадил од кожа“ Боб Гелдоф откако наводно имал афера со неговата сопруга - Пола. Дека таа и Теренс имале тајна врска се шпекулираше, но деталите никогаш не беа објавени во јавноста. Нејзиниот брак со Сер Боб Гелдоф заврши со жесток развод во 1996 година, а дотогаш Пола веќе беше жестоко оцрнувана во медиумите.

Теренс сега открива дека Боб Гелдоф го пресретнал во хотел во Њујорк и го прашал „дали е...за неговата сопруга“.

„Секако дека го направив она што би го направил секој 25-годишен и го направив тоа“, рекол Д'Арби.

И покрај изневерувањето, Боб и Пола останаа во брак се додека таа не започна нова афера со фронтменот на INXS Мајкл Хачинс во 1995 година, кога го остави својот сопруг поради него.



„Веројатно многу се променив кога бев со Мајкл, бидејќи оттогаш потребата за флерт - што беше камен-темелник на мојата личност, секако нешто по што бев најпозната - е изгубена. Зошто би го направила тоа? Бев со Мајкл“, изјави Пола.

Кога Мајкл беше пронајден мртов во неговиот хотел, обесен од радијатор, Пола сето тоа го прифати многу тешко, а зборуваше и за тоа како кога отишла да го види во мртовечница, го замолила неговиот асистент да донесе ќебе во кое го завиткала ладното тело на човекот што го сакаше.

Имаше четири ќерки од нејзините врски и бракови, беше важен дел од поп-културата во 80-тите години во Велика Британија, но и денес се зборува за жена која ги „уништила“ и двајцата мажи што ги сакала - Боб Гелдоф и Мајкл Хачинс. Всушност, од самиот почеток, Пола беше уште една жртва на женскогинистичките медиуми.

За прв пат пробала хероин на 13 години

Пола е родена во Велс во 1959 година. Таа имаше прилично нестабилен живот. Разликата во годините помеѓу нејзината мајка и човекот за кој веруваше дека и е татко беше 19 години. Имаа неконвенционален брак, а Паула многу често остануваше сама. Како што вели – како дете била осамена бидејќи знаела дека мајка ѝ со денови нема да доаѓа дома.

Уште како девојче почнала да живее развратен живот, невиноста ја изгубила на 12 години, за прв пат пробала хероин на 13 години. На крајот го напуштила училиштето на 16 години за да се пресели во Лондон и да стане дел од тамошната панк сцена. Потоа го запознала Боб Гелдоф и започнала нивната 10-годишна врска, по што се венчале.

Прво, таа пишуваше за списанија за различни бендови и нивните свирки, а се испроба и во манекенството, позирајќи за Пентхаус во 1979 година. Сепак, новинарската кариера беше повеќе нејзина работа. Во тоа време медиумите ја нарекуваа „принцеза на панкот“. Се обидела и со пеење, објавила книга со фотографии од рокери, а нејзината водителска кариера и ја донела најголемата слава. Луѓето велеа дека таа е мешавина од Мерлин Монро и Мери Попинс.

Таа се дружеше со Дуран Дуран, Дејвид Боуви, Јасмин Ле Бон, принцезата Дијана, Енди Ворхол и Џорџ Мајкл. Кога ги родила првите две ќерки, напишала и книги за родителството, а го променила начинот на живот и секогаш брзала дома за да биде со своите деца.

Боб Гелдоф и бил неверен, а иако се шпекулираше дека го изневерувала, таа никогаш не признала. Сè до Хачинс.

Во едно од интервјуата што ги направи со Мајкл, лежеа на креветот, со прекрстени нозе, се кикотеа како тинејџери. Тоа беше големата одмазда на Пола на Боб кој ја изневеруваше со помлада жена.

Во 1995 година, Пола и Боб поднесоа барање за развод, судската постапка траеше до 1996 година. Боб ги отежнувал работите, особено кога станувало збор за договорот за старателство. Пола и Мајкл добија ќерка неколку месеци по финализирањето на разводот. Медиумите немаа милост кон Пола. Јавноста која некогаш толку многу ја сакаше, сега ја мразеше. Ја нарекувале курва и наркоманка, пишуваа за тоа како била ужасна мајка и како кутриот Боб останал сам и со скршено срце. Таа и Мајкл почнаа да прават планови евентуално да се преселат во Австралија, но други работи им застанаа на патот.

Во ноември 1997 година, бендот на Мајкл отиде во Австралија на турнеја, а тој планираше Пола да дојде со децата. Боб го запре и ја повлече Пола назад на суд. Мајкл навистина ја достигна својата преломна точка, не можеше да поднесе Боб да го спречи да ја донесе својата ќерка во Австралија. Таа вечер, на 22 ноември, Мајкл му се јавил на Боб и се обидел да се расправа со него, но се завршило со голема тепачка. До денес, никој не знае што се случило, но следното утро Мајкл бил пронајден мртов во неговата хотелска соба. Пола била неутешна, го обвинила Боб за неговата смрт.


По погребот на Мајкл, Пола негираше дека Мајкл си го одзел животот и одби да верува дека намерно ги напуштил неа и нејзината ќерка. Таа ги помина последните три години обидувајќи се да докаже дека неговата смрт била несреќен случај.

Околу шест месеци подоцна, Пола дознала дека човекот за кој верувала дека и е татко не е. После сето тоа почнала многу да се дрогира. Откако се обидела да си го одземе животот, била испратена на рехабилитација. Боб и ги одзеде ќерките, а таткото на Мајкл се бореше за старателство над малата Тајгер Лили. На клиниката започнала врска со наркоман. Се промени, беше кревка и скршена, исцрпена, но сè уште беше трезна две години пред смртта.

На 17 септември 2000 година, Пола била пронајдена мртва во нејзиниот стан од страна на нејзината пријателка која се јавила на телефонот, но тогаш одговорила четиригодишната Тајгер Лили и рекла дека нејзината мајка сè уште спие. Во извештајот на судскиот совет се наведува дека количината на хероин пронајдена во телото на Пола не била доволна за да се убие зависникот. Таа до тој ден била трезна две години и имала 41 година.

Набргу по нејзината смрт, малата Тајгар Лили почнала да живее со Боб кој сакал таа да биде блиска со нејзините сестри. Сестрата на Мајкл, Тина се обидела да ја посвои Тајгер, но судот одбил и Боб Гелдоф ја посвоил во 2007 година.

Пола ја издадоа медиумите, оние истите за кои работела, и тоа затоа што по неверството на нејзиниот сопруг барем двапати, таа решила да ја прекине неговата контрола и посакала нова љубов. Затоа изгуби сè - партнер, кариера, пари, ќерки и живот. Дури и сега нејзиното наследство е целосно игнорирано, освен делот што открива со кого имала секс. Притоа тие мажи, со кои била, се набљудувани како жртви, додека таа е злобна лесна жена и зависник од дрога која ги уништила нивните животи.

Втората нејзина и ќерка на Боб, Пииз Гелдоф, беше пронајдена мртва во 2014 година, а прекумерната доза на опијати беше наведена како причина за смртта. Имаше 25 години.


ФОТО: Инстаграм screenshot

Извор: zadovoljnanova.rs