„Првото дете го родив на 14 години“: Има 37 години, таа е веќе баба, а еве и колку деца има

Вероника Мерит е најпознатата мајка на TikTok - оваа жена има 12 деца, а има само 38 години, нејзиниот животен пат е сосема необичен. Имено, таа за прв пат забременила на 14 години, со четири години постариот Џејмс, кого го запознала практично преку улицата од нејзината куќа.

Таа и Џејмс се венчаа и ја добија ќерката Викторија, која сега има 23 години, и синот Ендру, кој сега има 18 години. Сепак, двојката набрзо се развела бидејќи, како што самата рече, „врските се сра*е“.

View this post on Instagram

A post shared by Veronica Merritt (@thismadmama)


Меѓутоа, многу брзо го запознала Марти, кој бил на нејзина возраст и со него основала семејство. Парот во бракот имал 10 деца, од кои најстарото има 15 години, а најмладото нема ни една година!

Вероника до 12-тото дете тврдеше дека сака да има вкупно 16 деца, но по последното раѓање се предомислила и одлучила дека тоа е крајот, барем засега. Таа истакнува дека желбата за многудетно семејство некако и била „изнудена“, а тоа е резултат на преокупираност со бројки.

View this post on Instagram

A post shared by Veronica Merritt (@thismadmama)


„Сега кога го родив Моди, имам шест момчиња и шест девојчиња“, вели таа, истакнувајќи дека верува дека има некој вид на опсесивно-компулсивно нарушување, иако официјално не и е дијагностицирана. Тоа го поткрепува и фактот што за секое дете дизајнирала облека во различна боја - на пример, Адам носи само зелено, а ќерката Дарла виолетова.

„Боите ги рефлектираат нивните уникатни личности, но и ме одржуваат добро организирана“, објасни таа.

Од 2020 година, Вероника на социјалните мрежи го покажува  пребукираниот начин на живот на нејзиното семејство; таа често споделува видеа на кои им подготвува здрави оброци или вози мал, жолт автобус кој е единствениот што може да ги собере сите. Таа истакнува дека често наидува на осуди и навреди и дека луѓето и кажуваат дека нејзините деца имаат 12 различни татковци.

View this post on Instagram

A post shared by Veronica Merritt (@thismadmama)


Искрено, не ми е гајле што мислат или кажуваат луѓето. Тие можат да мислат што сакаат, но моите деца се од само двајца татковци“, изјави таа за „Инсајдер“.

Иако многумина не го разбираат изборот на Вероника, таа вели дека ужива во своето големо семејство. „Кога ќе го погледнам моето семејство заедно, тоа е како да се оддалечам од градината на која толку напорно работев и уживав гледајќи во неа. Се восхитувам на се‘ што сум направила и ја ценам таа убавина", заклучила таа.

Инаку, интересно е што Вероника веќе стана баба, нејзината најстара ќерка Викторија се породи во јуни минатата година.


Фото: Инстаграм