Работела за најбогатите, денес нема ни за леб: Тажната приказна на една шивачка!

Оваа жена открива дека се наоѓа во очајна финансиска состојба поради пандемијата на вирусот ковид-19, како и дека нејзината ќерка не јаде ништо за ручек и вечера со цел да заштеди пари за да и помогне на нејзината мајка.

Пандемијата на коронавирусот го уништи светот економски, многу луѓе ширум планетата останаа без работа и се пред пропаст. Една од нив е шивачката Клои Савиџ (43) од селото Вармли близу Бристол, која направила венчаници за Кејт Мидлтон и Меган Маркл за кралските свадби.

Шивачката за „Сандеј тајмс“ откри дека се плаши дека нема да може да ги прехрани своите деца откако кризата со вирусот ковид-19 и нанесе штета на нејзиниот бизнис. Како што вели, нејзината мала компанија не добила помош од локалната самоуправа.

Таа дури аплицирала за заем четири пати, но и 4 пати била одбиена.

Во интервју за британските медиуми, таа вели дека нејзината ќерка (14) престанала да руча и вечера со цел да заштеди пари за своето семејство.


"Ова е реалноста на мојот карантин. Поминав многу во солзи. Немаме пари, не ни останува ништо", рече таа, откривајќи дека има помалку заштеди за да покрие закупнина од еден месец.

Таа стравува дека ќе остане без покрив над главата и вели дека веќе контактирала засолништа за сиромашните.

Шивачката се школувала во престижни училишта во Париз и Лондон, а работела и на сет филмови за Хари Потер. Таа работела и на венчаницата на Кејт Мидлтон, дизајнирана од Александар Меквин, а кралското семејство подоцна ја поканило да работи и на свилената венчаница на Меган Маркл, дизајнирана од Живанши.

Кога избувна пандемијата на коронавирус во Велика Британија и во светот, Клои го пресели својот бизнис во гаражата во куќата на нејзината мајка, а сега има долг кон државата од 25.000 фунти поради даноците што не успеала да ги плати.

"Не можам повеќе да се справам со стресот. Моето срце е скршено и навистина не знам што да правам", искрено рече Клои на крајот.


Фото: Инстаграм