РАЧНО ИЗРАБОТЕНА МАСА ВО ФОРМА НА КАСЕТА ЗА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

Добивај вести на Viber

Ова е првата маса која ја изработивме заедно со нашата екипа во столарското студиото кај уметникот Игор, рачна изработка е, и е мал подарок од „Бубамара“. Нашиот тираж е “две касети”. Првата е за Влатко , а втората ја сместивме во новите простории на радио „Бубамара„ ни изјави Ранко Петровиќ

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски доби уникатен подарок од радио „Бубамара“. Сопственикот на радиото, го изненади Влатко со рачно изработена маса во форма на касета.

„Ова е првата маса која ја изработивме заедно со нашата екипа и во столарското студиото кај уметникот Игор, рачна изработка е, и е мал подарок од „Бубамара“.  Нашиот тираж е “две касети”. Првата е за Влатко , а втората ја сместивме во новите простории на радио „Бубамара„ на која сите гости со задоволство се фотографираат ни изјави Ранко Петровиќ. Тој додава дека Влатко Стефановски воопшто не знаел за подарокот.


Влатко го прифати подарокот со драго срце, токму затоа што е уникатен, рачно изработен и има музчка симболика. Сите израснавме со касети и со плочи.- Стефановски со Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Бубамара“ 


 „Тој е постојано на турнеи периодов. Го чекавме неговиот прв слободен ден во Скопје. Тој го прифати подарокот со насмевки, токму затоа што е уникатен, рачно изработен од срце и има музичка симболика. Веднаш “А страната “на оваа “касета “ ја закитивме со неколку, пива, грицки сокови и добро расположение. Чукни во дрво ! И ајде на здравје“, додаде Петровиќ.

Влатко Стефановски е еден од редовните учесници на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“. Неговите настапи се секогаш топло примени од скопската публика. На овогодинешната „Бубамара“, Влатко му додели награда на легендарниот хрватски рокер Дадо Топиќ. Стефановски го донесе првиот албум на групата „Тајм“ и му рече на Топиќ: „За да докажам дека сум му вистински фан на овој музичар од кој сите учевме, донесов една моја многу драга плоча и маркер за потпис“

Во моментов Влатко е на турнеа низ регионот и Европа, со која го промовира новиот албум, „Мајчин јазик“. Во последниот период имаше настапи во преполни сали во Хрватска, Србија, Бугарија, Црна гора , Австрија.

Ранко Петровиќ со Дуке Бојаџиев и со Кирил Поп-Христов- Кили во радио „Бубамара“


Албумот е 35 издание на Стефановски, негов прв соло-акустичен албум, кој лани во ноември го издаде хрватската „Кроација рекордс“. „Бистра вода“, „Македонско девојче“, „Успаванка за Радмилу М“ од „Бијело Дугме“, „Јано мори“ и „Море сокол пие“ како бонус трака во која гостува Раде Шербеџија се дел од овој материјал . На обвивката од албумот е слика од мајката на Влатко, Нада од доцните четириесетти години, кога ја играла улогата на патувачката ромка Маша во драмата „Жив леш“ на Толстој.

„ По толку години свирење и патувања, си дадов за право да направам еден интимен албум кој ќе се обраќа директно на увце на мојата публика. Како да си ме замолила да ти отсвирам нешто лично за тебе. Песните ги бирам по принцип: оние теми кои ми се драги и оние кои ми даваат можност за импровизација. А при тоа, и оние теми кои можам самиот да ги изведам, а да не фали музика. Избрав некои песни кои ми се на срцето драги, и ги отсвирев во 3-4 дена во моето студио, знаејќи дека сум доволно музички возбуден за да ги снимам. Бев доволно испровоциран од се што ми се случуваше. И на приватен план, и од сите мои концерти и патувања и искуства што сум ги собрал, и решив дека сум доволно храбар да седнам и да свирам сам, пред само еден микрофон.“, изјави Влатко во интервју за Женски магазин.

М.Џаровска