Рајко Дујмиќ почина три дена пред роденденот: Трагичната судбина на членовите на „Нови фосили“
Музичарот Рајко Дујмиќ, кој почина на 66-годишна возраст, три дена пред неговиот роденден (роден е на 07.08.1954), почина како резултат на сообраќајна несреќа, кога се здоби со тешки повреди на главата минатата среда, 29 јули, кога слетал од патот со автомобил.
Во својата богата кариера, Дујмиќ напиша повеќе од 1.800 песни, а во повеќето од нив се појави не само како музички автор, туку и како аранжер или продуцент. Три години по ред се појавуваше како автор на песни на натпреварите за песна на Евровизија и постигна забележителен успех. А постигна најголем успех на Евровизија во 1989 година со песната „Rock me“, кога групата „Рива“ која ја изведуваше песната победи и ја донесе Евровизијата во Загреб.
Во 1990 година, Рајко се оженил со Сњежана, со која требаше да прослави 30 години брак оваа година.
- Имаше многу жени и многу љубов. Но, не можам да бидам со некој само заради физичка привлечност. Мора да има заедничко чукање на срцето. Имам син, Тино. Не се оженив за неговата мајка. Се оженив со Сњежана, со која сум, фала му на Бога, веќе 20 години. Тешко е да се толерира уметник. Тешко ми е и мене со мене. И најтешко ми е сам со себе да излезам на крај - изјави пред 10 години легендарниот фронтмен на „Нови фосили“, Рајко.
За жал, членовите на групата „Нови фосили“ беа придружени и со чудна и трагична судбина.
Сега веќе починатиот хрватски музичар, Рајко зборуваше пред медиумите за смртта на неговата колешка Ѓурѓица.
- Ѓурѓица Барловиќ имаше солидно и стабилно здравје. Затоа бев изненаден од нејзиното предвремено заминување. На денот кога таа почина, верувајте или не, сите часовници во мојот стан запреа, а подоцна ја слушнав тажната вест - се сети тогаш Рајко.
На денот на нејзината смрт, Ѓурѓица била со своите синови на плажата на Паг. Кога и се слошило, била однесена со траект во болницата во Задар, каде што починала.
Исто така, тапанарот Ненад Шариќ Брада не беше поштеден од ужасна трагедија.
Шариќ беше погребан на роденденот на неговата сопруга, втората пејачка на „Нови фосили“, Сања Долежал, а првиот тапанар и поет Слободан Момчиловиќ Мока почина на роденденот на Дујмиќ на 7 август 1984 година.
Судбината сакаше „Новите фосили“ да го напуштаат овој свет на лето, наеднаш и трагично.
Потсетување на некои од хитовите на „Нови фосили“ со кои сите заедно растевме:
извор: blic.rs / alo.rs / tportal.hr