Рамо до рамо со светските готвачи: Струмичанката Семија Демова го освои второто место на Интернационалниот натпревар во готвење во Албанија

Струмичанката Семија Демова застана рамо до рамо со најголемите светски готвачи на интернационалниот натпревар во готвење кој оваа година се одржа во Тирана, Албанија.

На струмичанката Демиова ова ѝ е прв натпревар од ваков ранг, на кој го освои второто место кое ќе и биде отскочна даска во иднина за нејзината кариера. 

„Многу сум среќна што конечно го остварувам својот сон. Од 17 години започнав да се занимавам со готвењето и тогаш започна мојата приказна со угостителството. Во иднина целосно ќе се посветам на мојата кариера“ – вели Семија Демова за Струмица Денес.


Фото: Струмица Денес