Здравје // Совети
Расте продажбата на креми за сончање, но и на карцином на кожата
Британскиот весник Дејли Меил, пишува дека секоја година само во Британија заболуваат 15.400 луѓе од карцином на кожата.
Раст има на продажбата на креми за сончање во Европа за 2,1 проценти годишно, но се зголемува и бројот на заболени од меланомски рак на кожата.
Фиона Осган од Британскиот истражувачки центар за рак вели дека тоа се должи на нашата преголема доверба и очекувања во врска со креми за сончање. Додава дека и оние што се на база на минерали, и хемиските креми, штитат до некаде, но минералните се подобри.
Некои земји ги забранија кремите кои содржат оксибензон и октиноксат, елементи кои се сметаат за штетни за горниот слој на кожата.