Разубавете нечиј ден: 20 мотивациони цитати за добро утро
Сакате утрински да инспирирате драга личност, да го разубавите нејзиниот ден?!
Ви препорачуваме мотивациони пораки и цитати за добро утро. Споделете ги со вашите пријатели на Фејсбук, Твитер, испратете на драга личност текстуална порака за добро утро. Без разлика дали станува збор за пријател, момче или девојка, колега од работа или некој од семејството... со помош на овие пораки ќе ги инспирирате сите да станат и да го зграбат денот. На крајот на краиштата, секое утро е еден вид прослава на можностите што ни ги нуди животот.
20 мотивациони пораки и цитати за добро утро:
1. Позитивен став е како совршено кафе - не започнувајте го денот без тоа!
2. Добрите мисли им претходат на големи дела. Одличните дела му претходат на успехот! Имајте убав ден!
3. Клучот за вашата мотивација е во вашата глава. Вашите мисли ве мотивираат на патот кон успехот!
4. Успехот доаѓа кај оние кои имаат волја да чекаат трпеливо за тоа.
5. Не се буди размислувајќи за она што не можеше да го сториш вчера, разбуди се размислувајќи за тоа што ќе направиш денес.
6. Ако вчера имавте добар ден, не престанувајте денес. Можеби вашиот низ од победнички денови штотуку започна!
7. Ова не е само уште еден обичен ден. Ова е нова шанса да започнете да ги остварувате вашите соништа.
8. Ова утро никогаш повторно нема да се врати во вашиот живот. Станете и искористете го.
9. Да знаете дека сте пример за некого, може да ви биде најголема инспирација. Од денес, стремете се да станете пример за другите.
10. Не обвинувајте го Бога што не ве осипува со подароци. Тој ви дарува нов ден секое утро!
11. Не жали за тоа што се случи вчера. Обезбеди си подобро утре со целосно искористување на денешницата.
12. Среќа или тага, рамнодушност или возбуда, оптимизам или песимизам… сите овие опции кои животот ви ги нуди секој ден. Од вас зависи дали ќе го направите вистинскиот избор! Добро утро!
13. Животот е расиплив - колку повеќе и побрзо го консумирате, толку подобро ќе се чувствувате. Престанете да размислувате и започнете да живеете!
14. За да бидете успешни, треба да правите големи дела - едно од нив е да станете рано! Добро утро!
15. Сакам ова утро да ви помогне да се приближите еден чекор поблиску до сите соништа што ги имавте синоќа!
16. Престанете да размислувате колку повеќе можете да спиете и започнете да размислувате за тоа колку повеќе можете да направите. Добро утро!
17. Среќни моменти и среќни денови се за оние луѓе кои сè уште не знаат каква е вечната среќа! Добро утро!
18. Секое утро имате два избори: да спиете и да сонувате или да се разбудите и да започнете да ги остварувате вашите соништа! Изборот е ваш!
19. Секое зајдисонце во текот на ноќта одзема еден ден од нашите животи. Но, секое изгрејсонце изутрината ни дава уште еден ден надеж. Затоа, стани и надевај се на најдоброто. Добро и среќно утро!
20. Утринското сонце го гали со своите зраци не само вашиот ден, туку и вашиот ум. Му нуди нови можности што чекаат да бидат забележани. Тоа е само ваш ден, направете го вреден, препознајте ја можноста! Добро утро!
извор:6yka.com