Ребека: Маркијан ме научи дека невозможното е возможно

Пејачката и претседател на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска- Ристески, во кругот на семејството го прослави вчерашниот празник Успение на Пресвета Богородица.

Близнаците Макариј и Доротеј наскоро ќе наполнат шест години

Ребека, која е инаку многу религиозна и ги почитува верските празници, со децата и со мајката Роза присуствуваше на утринска служба во црквата Свети Ѓорѓија во Криви Дол.

Близнаците на Ребека и на нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, Макариј и Доротеј во септември ќе наполнат шест години и тргнуваат во прво одделение. Постариот син Маркијан во ноември ќе наполни 13 години. 

Мајката на Ребека и на Хелена, Роза Катиновска со внукот Маркијан 

„Маркијан, љубов моја, да знаев дека ти ќе бидеш причината за да научам како и невозможното е возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како што си ти. Моето сѐ си ти, но и сите ближни, сите луѓе околу тебе и сѐ што Бог ни дал за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и за твоето: „Мамичке, многу те сакам.“ Со овие зборови Ребека му го честиташе роденденот на Маркијан минатата година.