РЕЦЕПТ: Нудли со мини ракчиња и бејби пченка

Добивај вести на Viber

За  денес се потрудив да прилагодам еден ручек  според понудата на зачини  на нашиот пазар. Тука навистина е  рај за секој што ужива во готвењето. Зачини какви ти душа сака, како и сосови за готвење . Искрено,кафе би пиела низ полиците нна маркетите. 

Ви спремив нудлс со мини ракчиња и бејби пченка. Мора да пробате.

Потребни  состојки:

400гр. Ракчиња

4 Топки  нудлс

250 гр. Бејби пченка

100мл. Бело вино

1 Пиперка

1 Тиквица (средна)

Половина главица кромид

2 чешниња лук

2 лажици кокосово масло

1 лажичка мала од сите (чили,корјандер,тумерик,лук во прав,ѓумбир во прав,црвен пипер, сол)

Сол и бибер

*за оние коа не сакаат луто ме ставајте чили

Прво сите зачини помешајте ги заедно да се соединат и дпдадете прстофат цимет. Потоа ракчињата во подлабок сад маринирајте ги со 2 лажици маслиново и 1 лажичка од зачините. Убаво промешајте и оставете ги 1 час во фрижидер. Откако ќе се маринираат обарете ги во 100мл. Бело вино.  Додека да испари виното насецкајте ја пиперката и тиквицата а во тавче  на кокосово масло со едно чешне лук подпечете ја пченката. Во сад ставетее вода да зоврие за да ги сварите нудлите, моите се од јајца се вареа само 5 мин во вода што врие.

 Во поголемо тавче на маслиново продинстајте го кромидот ситно насецкан. Додадете ги пиперките по 2 мин и тиквичките заедно со ситно насецкано чешне лук и пола лажиче од мешавината зачини. Потоа додадете ги и ракчињата и пропржете ги 5 мин. Потоа додадете ги сварените нудли помешајте се заедно,ставете сол и бибер и тргнете од оган. Сервирајте по желба, додадете ја бејби пченката насецкана на парчиња и уживајте.