Рецепт од баба ми: Чај од три состојки штити од настинки, го зајакнува имунитетот, лечи кашлица

Добивај вести на Viber

Чај од ловоров лист и 2 други состојки - одличен за имунитет, помага при настинки и ја лечи кашлицата! Еве го рецептот:

Старите природни лекови се најдобрата форма за превенција, а она што ни го дава природата навистина може да биде чудесно за нашето тело. Транзицијата од лето во есен често доведува до настинки, кашлање, течење на носот и имунитетот станува послаб. За да го заштитите вашето тело, пробајте го стариот лек на нашите баби, чај од само 3 состојки.

Овој чај е одличен природен лек за ублажување на кашлицата, и важно е да го пиете додека е се уште топол. Можно е веќе да ги имате главните состојки во кујната, а се подготвува лесно и брзо. Ако додадете мед на него, исто така ќе добиете одличен вкус.

Состојки:

3 ловорови листови (суви или свежи)

1/4 лажичка цимет

1 / лимон

Подготовка:

Ситно исечкајте ги ловоровите лисја, потоа прелијте ги со 300 мл врела вода. Оставете да отстои околу 15 минути, потоа исцедете го сокот од половина лимон и додадете цимет. Промешајте и засладете со малку мед по желба. Помага при ублажување на кашлицата, и одлично е за имунитет.

Забелешка: Чајот може да биде силен за стомакот, затоа се препорачува една чаша дневно.

извор: Сенса