(РЕЦЕПТ) Плескавици од риба: Што да јадете за Велигденските пости
Продолжуваме да споделуваме со вас предлог рецепти за посен ручек, имајќи предвид дека почнаа Велигденските пости, кои траат 48 дена.
Постот е идеално време да се заборават пекарите, супермаркетите, готовите и спакувани (прочитајте нездрави) производи и да се свртиме кон старите домашни рецепти. Токму затоа Женски магазин, ќе ви понуди посни рецепти, кои веруваме ќе ви помогнат во деновите кога едноставно немате идеа што да зготвите а да биде посно.
Денес предлагаме да направите плескавици од риба.
Состојки:
-1 килограм мелена риба
-1 рамна лажица сув зачин
-1 полна лажица бибер
-1 рамна лажица лук во гранули
-1 полна лажица црвен мелен пипер
-1 полна лажица сушен лист од магдонос
-2 полни лажици фант - зачин за рибја чорба
-на врвот на лажичката сил или не додавајте, зависи колку солена храна сакате, подобро е да пробате без бидејќи на почеток имате сув зачин и фант во кој има сол
-4 лажици презла (лебни трошки)
-на врв на лажицата сода бикарбона
Подготовка:
Рибата ако е полузамрзната почекајте да се одмрзне, па додавајте ги горенаведените состојки.
Лебните трошки овде служат да го соберат вишокот на вода и плескавиците полесно да се обликуваат.
Додатокот на фант за рибја чорба е мала магија и со него плескавиците се неспоредливо подобри отколку без него, затоа количината на пиперка и сол е намалена, или воопшто ја нема, бидејќи го додаваме него.
Добро со раце измесете, да се добие соодветна маса и добро изедначете ја. Тоа сами ќе го видите, прво ќе се разликува рибјото месо од зачините, но кога добро ќе се измеси, ќе испадне се во иста боја, некоја светло црвена, темно портокалова.
Загрејте малку масло во тавата па земете ја смесата за плескавици, обликувајте топки со дланките, па потоа сплескајте на средина, така да добиете секаде иста дебелина. Тие при печењето на средина малку ќе пораснат.
Пржете на среден оган, внимавајте да не ги изгорите одоколу .