(РЕЦЕПТ) Посна мусака од шампињони: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Додека траат Велигденските пости ве инспирираме со посни рецепти и идеи за ручек.

За денес предлагаме да направите посна мусака со шампињони.

Состојки

-5 компири,

-2 моркови,

-1 пакување од печурки,

-3 чешниња лук,

-грст ориз,

-половина лута пиперка,

-сол,

-бибер,

-сос од Вустершир

-маслиново масло, и може на вода.

Подготовка:

Излупете го компирот и исечете го на кругови, како и морковот, и исецкајте ги печурките на малку подебели лисја.

Потоа се реди во сад - компири што го покриваат дното на сахот/плехот, потоа се наросува со печурки, моркови, ориз и се додава ситно сецкан лук и неколку прстени лута пиперка.

Додадете сол, бибер, истурете го сос од Вустершир и потоа повторете го истото уште еднаш. Значи, треба да има два реда во садот.

Покријте со фолија и печете во рерна на 250 степени 35 минути.

Пред крај, тргнете ја фолијата и печете малку за да го направите горниот слој покрцкав.


Извор: posnajela

Повеќе посни рецепти, прочитајте тука.