Рецепт стар еден век: Педијатарот Ернест Моро со обична супа од моркови спаси милиони деца
Пред 145 години е роден педијатарот Ернест Моро. Благодарејќи на него, обичната супа од моркови спасила илјадници животи, станало возможно да се дијагностицира церебрална парализа, да се откријат лактобацили, а кај нас овој човек остана скоро аномимен.
Ернест е роден во Љубљана, а докторирал медицина во САД и Велика Британија, а работел и со големиот Теодор Ешерих, кој ја откри бактеријата „Ешерихија коли“.
Тој во 1908-ма година го имаше своето најголемо откритие. Во тие години, многу деца умираа од дијареа. Моро смисли наједноставен лек, благодарејќи на која смртноста на децата се намали на пола. Тоа беше одличната супа од моркови.
Рецепт
Килограм моркови се чисти и сецка, па се прелива до еден литар вода, и се зачинува со 3 грама сол. Потоа се вари додека течноста не се соедини.
Дури во 2002-та година стана јасно дека киселинските олигосахариди формирани во оваа супа, која влегува во растворот од морковите, ги спречува балтериите да влезат во слузницата на цревата. Друга студија покажа дека благодарејќи на тие својства супата лечи и пролив предизвикан од бактериите отпорну на антибиотици.
Моро инсистираше и на стерлизација на шишенцата за бебиња, како и на хранење со мајчино млеко поради кое децата стануваа отпорни на многу болести.
Тој го измислил и „Моро млекото“ за вештачко хранење на бебето.
Ернест го открил и рефлексот присутен кај бебињата во првите месеци од животот: aко се направи оштар звук во близина на главата на бебето, тоа прво ќе ги рашири рацете па прстите, па потоа ќе ги спои рацете стискајќи тупаници. Ако овој рефлекс не постои, тоа е знак на оштетување или депресија на централниот нервен систем. Непристутниот Моров рефлекс може да укаже и на церебрална парализа.
И покрај овие големи откритија, Моро живеел скромен живот до својата 74-та година занимавајќи се со педијатрија во приватна пракса, без никогаш да му биде доделено признание.