Рецепт за колач со гриз и јаболка: Со причина еден од највкусните десерти од Југославија

Добивај вести на Viber

Ќе ве потсети на старите времиња и ќе ве врати во детството. Во Југославија овој колач можеше да се најде на неделното мени речиси секоја недела. Лесно се прави, а мирисот и вкусот ве сосвојуваат од прва.

Состојки:

2 чаши (2 dcl) брашно

2 чаши гриз

1 прашок за пециво

1 чаша шеќер

1 ванилин шеќер


За филот:

1 - 1,5 кг јаболка

1 ванилин шеќер

цимет

0,5 чаши шеќер

150 гр путер


Подготовка:

Во брашното истурете прашок за пециво, гриз и шеќер, измешајте сè и поделете го на 3 еднакви дела.

Изрендајте јаболка и измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот, па поделете ги на 2 еднакви дела. Јаболката не ги цедете бидејќи нивниот сок ќе го натопи тестото и ќе стане меко при печењето.

Склопување на колачот: Намачкајте го плехот за печење со масло или путер, па наредете ги состојките во него. Прво се става смесата со брашно и се израмнува, па се додава едната половина од филот со јаболка, па врз неа повторно смесата со брашно, па се израмнува и се стиска. Додадете го вториот дел од филот со јаболка, па преку него преостанатиот дел од смесата со брашно. Сè убаво израмнете.

Преостанатиот путер изрендајте го преку колачот. Печете го колачот околу 45 минути на 180 степени.

Извор: stil.kurir.rs