Рецепт за посна црвена леќа од баба ми кој се прави многу бргу, а се јаде за минутка: Вкусно и нутритивно

Добивај вести на Viber

Најтешкото прашање за една домаќинка е што да се зготви денес за ручек, токму затоа наш денешен предлог е најбрзиот, вкусен но и нутритивен оброк - посна манџа од црвена леќа. За подготовка на овој ручек за 4 лица ви се потребни следниве намирници:

- едно пакување црвена леќа


- една поголема главица кромид

- 4-5 чешниња лук

- 2-3 морковчиња

- 1 тиквичка

- мешан зачин

- црн пипер

- ловоров лист

- масло за готвење

-црвен пипер


Начина на подготовка:

Во поголемо тенџере на оган ставете малку масло за готвење. Кромитчето, лукот и морковот насечкајте ги на мали коцки. Откако ќе се загрее маслото ставете го прво кромидот да се пропржи, па потоа додадете го лукот, а откако ќе се пропржи и лукот додадете го морковчето. Додека се крчка морковот на кој му треба повеќе време за да омекне, насечкајте ја и тиквичката на коцки и неа пропржете ја. Откако зеленчукот ќе се пропржи во тенџерото додадете ја и претходно измиената црвена леќа. Зачинете по вкус, а на крај додајте и ловоров лист. Сите мамирници нека се покрчкат околу 20-тина минути. Сервирајте и бон апетит!


ПР објава

Фото: фреепик