Криејќи се од полицијата починала под тркалата на автомобил: Загина Мис на Балканот (27).

27-годишната манекенка и носителка на титулата Мис на Балканот за 2022 година, Ѓулер Ердоган, загина бегајќи од полицијата, објави весникот Сабах.
Безживотното тело на манекенката која дошла во Гиресун на празникот Рамазан Бајрам го забележале и пронашле други возачи на крајбрежниот пат.
27-годишната манекенка, која дошла на одмор во Гиресун, била забележана од други возачи на возила додека лежела неподвижна на крајбрежниот пат на Црното Море во областа Хаџи Хусеин. Полицијата и медицинските екипи биле испратени на местото на настанот по известувањето и констатирале дека Ердоган починала, пренесува Хуриет.
Ѓулер Ердоган, наводно, починала на лице место откако во неа удрило возило додека пеш го минувала Црноморскиот крајбрежен пат во областа Хаџи Хусеин.
Се дознава дека младата манекенка има титула и работела во агенција за модели.
– Ѓулер Ердоган, 27-годишната Мис Балкан, која за време на празникот Рамазан со семејството отиде во Гиресун, пиела алкохол и се забавувала со пријателите – пренесува Сабах.
Според извештаите, полицијата ја запрела манекенката, по што наводно било констатирано дека е во пијана состојба.
Ѓулер Ердоган се обидела да се сокрие од нив и починала под тркалата на автомобил.
Семејството на манекенката не ја коментира ситуацијата, а следбениците на социјалните мрежи изразуваат сочувство.
Полицијата моментално ја истражува смртта.