Рецепт за супа за посилен имунолошки систем среде пандемијата коронавирус
Ова јадење би можело да ви помогне да го одржите својот имунолошки систем за време на пандемијата коронавирус.
За да се заштитат од коронавирусот, многу луѓе истражуваат начини за јакнење на имунолошкиот систем.
Националната здравствена служба препорачува да „јадеме што повеќе овошје и зеленчук“ за да останеме здрави. Освен тоа, подготовката на топли јадења и напитоци може да биде одличен извор на витамини и минерали неопходни за силен обрамбен систем.
Познатиот кувар Џон Торд откри рецепт за супа од зеленчук која може да ви биде од корист, особено додека трае пандемијата коронавирус.
Подготовка:
Основата е мешавина од лук, праз и кромид. Се додава малку целер, исецкан на ситни парчиња, а потоа се потпржува со малку путер.
Кога сето ова ќе омекне, време е да ги додадете свежиот зеленчук и зачини.
Прво додадете вода и варете околу 15 - 20 минути. Кога зеленчукот ќе добие проѕирна боја, во супатата додадете поточарка, спанаќ, коријандер и магдонос.
Доколку премногу врие, ќе ги изгуби сите витамини, па намалете ја температурата. Кога сето тоа ќе биде убаво сварено, изблендирајте ги состојките и вашата супа е подготвена.