(Рецепт) Зимски пијалак за детоксикација на организмот: Потребни се само две состојки
После сите празници и
уживање во поголеми количини храна, колачи и солени деликатеси, време е за детоксикација на организмот. Со помош на овој пијалак, ќе ја стимулирате работата на метаболизмот и
ќе започнете да исфрлате токсини што се акумулирале во претходниот период.
Овој пијалак е направен од само 2 состојки:
-Половина чаша ладен зелен чај
-Половина лимон
Начин на подготовка: Исцедете го лимонот и измешајте го со зелениот чај и пијалакот е подготвен.
Како овој пијалок влијае на телото: Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај е состојка во скоро сите пијалаци за детоксикација. Има корисен ефект врз црниот дроб, а истражувањата докажаа дека помага во процесот на излачување на токсините. Лимонот, покрај тоа што е богат со витамин Ц итоа така е одличен и за здравјето на целото тело, го стимулира ослободувањето на ензимите, но придобивките не застануваат тука. Лимонот содржи пектин (пребиотик) кој помага во намалување на шеќерот во крвта.
Ериоцитринот е антиоксиданс кој се наоѓа во сокот од лимон и кората. Ериоцитринот во комбинација со други активни супстанции покажа ефект врз намалување на воспалението, оксидативен стрес и оптимизирање на нивото на шеќер во крвта.
Moжеби ќе ве интересира:
За детоксикација на организмот по празниците: Пијалак од ѓумбир и лимон за чистење на дебелото црево