Ретко кој маж би се осмелил вака да ја запроси девојката: Убавата пејачка Марија Микиќ беше побарана за сопруга на многу храбар и оригинален начин (ФОТО)
Пејачката Марија вчера ги изненади своите следбеници на Инстаграм со веста дека наскоро повторно ќе стане мајка, откако пред три месеци станаа родители на девојче по име Ѓурѓа заедно со нејзиниот вереник Јован Пантиќ, сега наскоро на ова среќно семејство ќе му се придружи уште едно бебе.
Нејзиниот вереник е Јован Пантиќ, претприемач кој има бутик за чорапи. Нивната љубовна приказна е навистина чудесна. А запаметен ќе остане и самиот оригинален начин на кој Јован ја запроси.
За нејзиниот роденден, на англиски си истетовирал „Marry me“ на раката, каде нејзината буква „М“ е истетовирана со црвена боја - а пејачката морала да го заокружи одговорот со машина за тетовирање. Мора да се признае дека тоа е многу храбар потег на нејзиниот избраник.
Тие долго време ја криеја својата врска од јавноста, а Јован има и син од првиот брак.
На прашање на еден обожавател како го прифатила синот на Јован од првиот брак, Марија одговори кратко и јасно:
„Ги гледам и уживам“.
Марија и Јован долго време се бореа за потомство, а пејачката отворено проговори низ што поминала. Таа доживеала два спонтани абортуси.
Но, летово го дочека своето чудо - Ѓурѓа - и сега на пат е уште едно бебе.
Марија сега со своите обожаватели редовно споделува моменти од нивниот хармоничен семеен живот.
извор:zadovoljnja.nova