Ретко се појавува во вакво издание: Кејт Мидлтон ги покажа нозете во скапи шорцеви, а сите гледаа во нејзините бели патики

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон викендов присуствуваше на традиционален спортски настан во Плимут, Англија, појавувајќи се во необичен стајлинг

Необично издание во споредба со нејзиниот вообичаен стил бидејќи гледањето на Кејт Милдтон во шорцеви е навистина ретка глетка. А сепак, оваа конкретна облека е адекватен избор за манифестацијата на тимот „The 1851 Trust And The Great Britain SailGP“ поддржан од војвотката од Кембриџ - според традицијата.

View this post on Instagram

A post shared by  (@katemiddleton_uk)


Кејт присуствуваше на овој настан и во претходните години, избирајќи слични стилови. А што облече овојпат?


Најмногу внимание од нејзиното модно издание беа шорцевите и патиките. Елегантните кратки шорцеви со златни копчиња се креација на брендот „Holland Cooper clothes“ и нивната цена е 199 фунти или околу 14.600 денари.

Шорцевите кои ги носеше Кејт се продаваат во повеќе бои, фото: Holland Cooper clothing / screenshot

Патиките се од колекцијата на модната куќа „Superga“ чие заштитно лице е Емили Ратајковски. За моделот што го видовме на Кејт треба да потрошите 65 фунти или нешто повеќе од 4800 денари.

Едноставни патики по „супер“ цена, фото:superga / screenshot

Дали ви се допаѓа војвотката во оваа полежерна спортска облека и дали би платиле толку за овие парчиња облека - доколку имате прилика, се разбира?

Извор: zena.blic.rs