Ретко споделува заеднички моменти: Марија Килибарда на прекрасен начин му честиташе роденден на саканиот

Убавата водителка направи симпатичен исклучок од своето правило да не ја споделува приватноста на Инстаграм

Популарната водителка Марија Килибарда е позната како една од познатите личности кои ја чуваат својата приватност подалеку од очите на јавноста.

Затоа долго откако се шпекулираше дека е во врска со Бранислав Вучелиќ, синот на Милорад Вучелиќ и актерката Љиљана Драгутиновиќ, водителката не ги сподели нивните заеднички фотографии, а и сега ретко споделува топол момент.

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)



Вчера, сепак, направи исклучок, а во прекрасна прилика - јавно му го честиташе роденденот на својот сакан.

Марија го сподели нивното заедничко селфи за кое позираа насмеани во природа и напиша:

- Најубав мој. Среќен роденден.


Минатата година беше објавено дека парот планира гламурозна венчавка во еден белградски хотел, но бидејќи епидемиолошката состојба била лоша, тоа не се случило. Сепак, водителката истакна дека и самата дознала за венчавката од медиумите.

- Од медиумите дознав и дека подготвувам свадба. Баш не ми се допадна, бидејќи никој од колегите не ми се јави да ги проверам информациите. Луѓе умираат околу нас, изгубивме блиски пријатели во оваа чума и сосема е лудо што сега размислуваме да се венчаме. Тоа не значи дека не сакаме и нема да се случи, истакна таа за Блиц минатата зима.


Фото: Инстаграм