Ретроградниот Меркур ништо не им може, затоа што тука е ретроградниот Марс: Припадниците на овие 3 знаци ќе се збогатат до 30 октомври

Ако сте загрижени за случувањата меѓу планетите, сега е време да земете здив, но само ако припаѓате на еден од овие три хороскопски знаци

Марс, планетата на војната и акцијата, почнува да се движи ретроградно од 30-ти октомври 2022-ра година и во оваа фаза ќе биде до 12-ти јануари 2023-та година, додека во знакот на Близнаци ќе остане до 26-ти март 2023-та година.

Бидејќи Марс долго останува во знакот Близнаци, како планета на енергијата, мотивацијата и акцијата, хороскопот открива дека носи немири, бури, недоразбирања, но колку што уништува, толку разрешува и обновува.

Неговото влијание ќе биде силно во наредните месеци и не поттикнува да се соочиме со нашите стравови, блокади, ограничувања. Иако овој процес може да биде предизвик, тој всушност не ослободува од сета негативност што се акумулирала во нас. Ова е неопходно за да го живееме животот од соништата и нашата највисока цел.

Три хороскопски знаци ќе добијат посебен излив на енергија.

Овен

Марс е вашиот владетел, па неговото влијание ќе биде навистина опипливо. Обидете се секогаш да имате што да правите, инаку ќе станете раздразливи и многу немирни. Ако имате на листата на обврски кои можат да се направат брзо и лесно, направете го тоа ваша прва акција. На овој начин ќе заштедите сила за предизвиците кои ве очекуваат.

Близнаци

Ова ќе биде вашето време, вашиот момент да блеснете. Дали сте чекале некое време да донесете одлука? Ова е транзит кој ќе ви помогне да направите важен чекор и може да ве доведе до магичен успех. Не бегајте од преземањето на сосема нови проекти, особено оние кои во вас будат вистинска страст. Ако срцето ви танцува, Марс ви вели да одите таму каде што ве носи тој ритам.

Водолија

Додека Марс се движи низ вашиот пријателски знак, и вие ќе доживеете наплив на огромна креативност. Време е конечно да го заработите вашиот талент, имагинација, интелект, тоа не се квалитети кои другите така лесно ги расфрлаат. Дозволете им на другите да знаат дека треба повеќе да ги ценат вашите нови идеи и уникатен пристап. Финансиското задоволство дополнително ќе ја зајакне вашата мотивација.

Извор: glossy.espreso.co.rs