Ретроградниот Сатурн ќе ги награди: 3 хороскопски знаци кои ќе доживеат неверојатен успех до октомври

Ретроградниот Сатурн почнува на 5 јули и ќе трае до 23 октомври. За Сатурн важи дека е планета на работата, внимателноста и трпението, но токму спротивното ќе се случува за време на нејзиното ретроградно движење.

Во претстојниот период можни се препреки во кариерата, како и проблеми со финансиите, а некои астролози сметаат дека овој период не е погоден за нови почетоци, проекти и инвестиции. Меѓутоа, три хороскопски знаци ќе доживеат неверојатен успех во овој период.

Девица

Одлика на Девиците е тоа што се вредни и перфекционисти, а Сатурн таквите ги наградува. Нема веднаш да забележите, но во текот на летото ќе сфатите дека работите ви одат во нагорна линија и тоа е од директното влијание на оваа планета.

Јарец

Овој знак важи за омилениот на планетата Сатурн, а до октомври го очекуваат неверојатни шанси за судбински промени и пресврти. Важно е да ја сочувате смиреноста и ќе остварите сѐ, ништо нема да може да ви го попречи патот до целта.

Вага

Вагите се бавни, неодлучни, но инспирирани и ќе знаат да ги искористат сите предности кои ретроградниот Сатурн ќе им ги даде. Ги очекуваат многу познанства, меѓу кои ќе биде и една сродна душа, а на Вагите кои се во врска, ќе им се подобри емотивниот живот.

фото: unsplash.com