Ријана нема да биде платена за настапот на Супер Бол: Но зошто?
Ријана е вест број еден во светот откако блесна на сцената за нејзиниот долгоочекуван настап на полувремето во Супер Боул
Ова беше нејзин прв сценски настап во живо по повеќе од пет години, а 34-годишната пејачка ги врати сите во времето на своите најголеми хитови, облечена во впечатлива црвена модна комбинација и опкружена со група танчери.
Имено таа ги почести илјадниците на стадионот и милионите што гледаа од дома со мешавина од нејзините хитови, вклучително и „We Found Love“, „Diamonds„, „Rude Boy“, „Umbrella“, „Work“....
По неколку години одбивање да настапи на култниот спортски настан, пејачката конечно годинава се согласи и тоа го направи ни помалку, ни повеќе- но бремена!
Ријана отиде по стапките на долгата листа на мегаѕвезди како Бијонсе, Џеј Ло и Бруно Марс, кои настапиле на најголемата сцена на светот.
Сепак, иако можеби мислите дека огромен музички настап како овој оди со подеднакво огромна сума на пари за изведувачот, тоа всушност не е така.
И покрај тоа што Супер Боул е еден од финансиски најпрофитабилните настани на планетата, Ријана нема да види ниту паричка за својата изведба.
Но зошто? Се прашувате зошто...
Па, како што е вообичаено, изведувачите не добиваат ништо за нивната изведба на полувреме.
Ова главно се должи на фактот дека тие настапуваат пред најголемата публика што најверојатно некогаш ќе ја имаат, што без сомнение ќе има големо влијание врз нивната продажба.
На пример, кога Лејди Гага учествуваше во 2017-та година, продажбата на нејзините албуми и песни вртоглаво порасна за 1.000 проценти.
Во 2020-та година, Џенифер Лопез доби неверојатни 2,3 милиони нови следбеници на каналите на социјалните мрежи откако таа и Шакира настапија.
Минатата година на сцената излегоа д-р Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар, Еминем и 50 Сент.
Како резултат на тоа, секој од нив уживаше во засилувањето на своето банкарско салдо.
На пример, во неделата по Супер Боул, д-р Дре забележа раст на продажбата на албуми за 183 отсто, заедно со зголемување од 105 отсто во стримовите на барање.
Шоуто го означува и враќањето на Ријана во центарот на вниманието, откако го објави своето прво ново музичко парче по шест години, во 2022-та година со песната„Lift Me Up“ за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“.
Така, тоа е одлична можност за неа да добие бесплатен публицитет. Што нема да ѝ наштети на продажбата на нејзините бизнис брендови.
Зборувајќи за нејзината одлука да настапи на Супер Боул, откако претходно го бојкотираше настанот, Ријана изјави дека сега било вистинско време.
„Се чувствував како да е сега или никогаш за мене. Супер Бол е една од најголемите сцени во светот, сон на секој артист е да се биде на таква сцена.“
Извор: www.ladbible.com