Ријана секој ден ги охрабрува жените: - Жените треба да носат долна облека исклучително поради себе
Поп-ѕвездата Ријана моментално е една од највлијателните жени во светот. Откако ја пушти во продажба колекцијата за долна облека „Savage Fenty“, таа за момент беше распродадена.
30-годишната миленичка од Барбадос откако минатата година направи вистински „бум" со козметичката линија „Fenty Beauty“, истото се случи и со долната облека која е наменета за сите девојки со различни конфекциски броеви. Колекцијата ја промовираа познати манекенки со различни фигури и боја на кожа, како и „плус сајз“ Инстаграм ѕвездата Одри Ричи.
Советот на Ријана за сите жени во светот, кој сигурно ќе ви влее самодоверба за носењето секси долна облека, гласи:
„Жените треба да носат долна облека исклучително поради себе. Се надевам дека барем малку ќе ги охрабрам да пронајдат сила во себе и да го сакаат своето тело. Нема никаква смисла ако сите тежнееме кон еден идеал и изгледаме исто. Нашиот шарм е во различноста, додека со модата и долната облека треба да си играме и забавуваме. Сакам жените кои ќе ги носат овие модели да си помислат „баш сум опасна женска" и да сфатат дека поседуваат своја и единствена убавина"