Ритуали за убавина на Кендал Џенер: Домашна маска за лице е тајната за негуваната кожа
Познатата манекенка сними видео за списанието Вог во кое ги открива своите ритуали за убавина.
Кендал Џенер направи видео за познато модно списание во кое опиша како се грижи за својата кожа и кои природни состојки ги користи, кои ппритоа и помогнаа доста бидејќи таа долго време имаше проблем со акни.
Кендал објасни дека маската за лице, со која се појавува на видеото, е домашна маска и дека е направена од авокадо, овесна каша, органски мед и неколку капки есенцијално масло од лаванда.
„Маската е направена супер едноставно, и совршено ја хидрира кожата и ја прави сјајна и здрава“, објасни Кендал, кој навистина може да се пофали со исклучително убав тен и негувана кожа.
Откријте со што друго славната манекенка ја третира својата кожа и кои се тајните на нејзиниот негуван изглед во видеото: