Родена да биде возач: Баба Винка учи да вози на 80 години, од Фиќо се префрла на кабриолет

Винка вели дека во младоста немала можност да вози автомобил бидејќи тие секогаш живееле на село и другите членови на семејството ги работеле тие работи

Баба Винка од околината на Ниш има 80 години, но тоа не ја спречува добро да се забавува. Сака да се прошета со внукот Јован во неговите интересни возила.

Јован Митровиќ, инаку, на јавноста и на љубителите на автомобили им е познат по своето црвено „фиќо“ кое минатиот месец го возеше на Копаоник и на снег ги покажа завидните можности на овој легендарен автомобил.

View this post on Instagram

A post shared by Jovan Mitrovic (@jocatf)


Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од неговата баба Винка и тој како возат интересен автомобил, без покрив. Интересно е што баба Винка е возач аматер, но тоа очигледно не е проблем, што следбениците на Инстаграм навистина го ценат. Винка вели дека во младоста немала можност да вози автомобил бидејќи тие секогаш живееле на село и другите членови на семејството ги работеле тие работи.

Во еден од клиповите оваа баба се пошегува и рече дека порано ја пуштале само нејзините волови да ги паси. Внукот Јован, сепак, за прв пат и го ставил воланот во раце и се потрудил да ѝ објасни како да го „вози“ автомобилот. 

View this post on Instagram

A post shared by Jovan Mitrovic (@jocatf)

Пред четири месеци баба Винка се прошета во познатото „фиќо“. Внукот Јован не се откажува од идејата дека неговата баба ќе продолжи да вози други коли и најавува нови авантури со баба Винка.

Бабата има многу обожаватели, луѓето постојано прашуваат кога повторно ќе вози нешто ново. „Сакам да ја снимам и сакам да им покажам на луѓето како дури и нашите баби на 80 години можат да направат многу, колку се одлучни и храбри, а во исто време посакуваат добра забава и смеа во овие сиви времиња.

Јас и баба се забавуваме со снимање и фотографирање, тоа малку и го менува секојдневието, бидејќи се грижи за домаќинството и многу работи во текот на денот. Ја сакам многу и се трудам да го поминувам времето со неа на забавен начин“, изјави Јован за Нишќе вести.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм