Родена е без раце, ја нарекуваат „девојката со крилја“: Дејана и нејзиниот партнер очекуваат бебе (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Дејана Бачко е родена без раце, но и покрај хендикепот денеска е академски образован сликар и сопртист, односно шампионка во паратаеквондо, а се занимава и со стрелаштво.

Таа на социјалните мрежи постојано објавува моменти од своето секојдневие и е вистински пример за позитива и борбеност, како и инспирација за многумина.

Веќе извесен период Дејана е во врска со партнерот Марко Нежиќ, а пред извесен период на социјалните мрежи ја објавија радосната вест, дека го очекуваат нивното прво заедничко дете.

По видеата и фотографиите може да се забележи дека се многу среќни и возбудени за тоа што ги очекува.

- Научив да правам сè со моите нозе, па небото е граница за мене. За џабе не сум „девојката со крилја“. Го користам името „девојка со крилја“ затоа што можам да летам каде сакам. А и бидејќи наместо раце имам крилја, така се гледам себеси – изјави неодамна таа за РТС.


Зборувајќи тогаш за својата девојка, Марко ја опиша кратко и јасно:

„Таа е одлична! Сè што му треба на еден човек и сè што може да очекува - ете таква е.“

Тие направија прекрасна новогодишна фотосесија во духот на празничната атмосфера.